КУРТИ ВЕТИ БРЗО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВО

    КУРТИ ВЕТИ БРЗО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВОКурти го слави освојувањето на третиот мандат (Фото: АП)

    Албин Курти вети брзо формирање влада откако неговата партија Самоопределување победи на вчерашните вонредни парламентарни избори во Косово. Според речиси 100% пребројани гласови, Самоопределување освои 49,3% гласови, што му носи трет мандат на Курти.

    Двете главни опозициски партии Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово (ЛДК) добија 21%, односно 13,6% гласови, со што има големи шанси да се стави крај на политичката криза која владееше во земјата од последните избори во февруари. И тогаш победи Самоопределување, но не освои мнозинство, па Косово оттогаш беше без функционална влада.

    Резултатот од вчерашните избори значи дека Курти повторно нема доволно места во парламентот за да владее без коалициски партнери, но сега полесно ќе ги најде меѓу партиите на малцинствата, кои имаат загарантирани 20 пратеници.

    Ова е најголемата победа во историјата на нашата земја. Очекувам опозицијата овојпат да соработува место да фрустрира“, кажа Курти.

    Лидерот на ЛДК, Арбен Гаши, навести дека ова е можно.

    Кога гласачите зборуваат, резултатот не треба да се игнорира“, рече тој.

    Косово изгуби многу поради речиси едногодишната политичка блокада, вклучувајќи стотици милиони евра од фондовите на Европската Унија. Пратениците мора да изберат нов претседател во април и да одобрат заем од ЕУ и Светска банка од една милијарда евра што истекува во следните месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира