НА „ЅИД НА СРАМОТ“ ЌЕ ГИ ОБЈАВУВАМЕ СИТЕ МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ КОИ СЕ НА НИСКО НИВО И СЕ КУПУВААТ НА ОГЛАСИ, КАЖА ЈАНЕВСКА

    НА „ЅИД НА СРАМОТ“ ЌЕ ГИ ОБЈАВУВАМЕ СИТЕ МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ КОИ СЕ НА НИСКО НИВО И СЕ КУПУВААТ НА ОГЛАСИ, КАЖА ЈАНЕВСКА„Велат еден министер, еден закон носи. Ние направивме многу - седум закони имавме, а спремни се следните седум“, кажа Јаневска. (Фото: К. Попов)

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т. н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови затоа што, како што рече, на разни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.

    „Кога на страниците ќе излезе оглас дека некој пишува магистерска за 300 евра е работа на полиција и на инспекцијата. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат, е првиот чекор. Вториот чекор за кој треба малку време е магистериумите и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти. Тоа го има на пример на Универзитетот во Антверпен и во некои други универзитети. Кај нас вообичено менторите ја нудат темата. Имаат проект, па им нудат на студентите. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, но не секогаш може да се изведат. Но, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата. Од областа на медицина на пример развивање на нов лек, во областа на технологиите развивање на некаков софтвер. Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. Тоа би бил сериозен втор чекор откако ќе го направиме првиот, оти јас реално кажувам не може да се стигне сѐ, премногу фронтови отворивме, некогаш се наооѓаме и во цајтнот, брзаме и едноставно не се стигнува“, рече Јаневска на денешната средба со медиумите.

    За „ѕидот на срамот“, појасни дека се подразбира сите магистериуми и докторати, сѐ што ќе произлезе од Македонија има да биде на таа платформа. ПЛАГИЈАТИ.МК функционира, но и тоа мора да се подобри, стар е софтверот, морам да им се заблагодарам на техничките факултети, особено на ФИНКИ, многу ни помогнаа. Дополнително воведуваме вештачка интелигнеција и тој процес ќе се олесни. ПЛАГИЈАТИ.МК ќе си течат како посебно. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистерски и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, една и единствена, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена“, кажа таа.

    Јаневска зборуваше дека ќе продолжат инвестициите во 2026 кога се планираат 166 во инфраструктурата, ќе има поголем буџет за наука, во март ќе има покачување на платите на наставниците во основно и средно меѓу 7,5 и 10 проценти. Министерката кажа и дека се подготвува нов концепт на државна матура со два типа – стручна и гимназиска.

    „Имаме учебници на кои учениците и наставниците не се жалат, има по некоја поплака но оваа година ќе биде поинаку.  Велат еден министер, еден закон носи. Ние направивме многу – седум закони имавме, а спремни се следните седум. Не секогаш од министерството и од министерот зависи како ќе се одвиваат работите, но јас се надевам дека ќе се одвиваат во најдобар ред“, рече министерката.

    Најави и дека ќе продолжи воведувањето едносменска настава , досега е воведена во 200, а етапно ќе се воведува електронско свидетелство.

    Говорејќи за Законот за високо образование, рече дека нацрт-верзијата е готова, треба да го одобрат стручни лица пред да биде поставен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) заедно со Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.

    Министерката Јаневска најави и построгит критериуми за напредување во академски звања и за реизбор на универзитетските професори.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира