ВНУКАТА НА ЏОН КЕНЕДИ, НОВИНАРКАТА ТАТЈАНА ШЛОСБЕРГ, ПОЧИНА НА 35 ГОДИНИ

    ВНУКАТА НА ЏОН КЕНЕДИ, НОВИНАРКАТА ТАТЈАНА ШЛОСБЕРГ, ПОЧИНА НА 35 ГОДИНИШлосберг пишуваше за климата и животната средина за „Њујорк тајмс“ (Фото: АП)

    Новинарката Татјана Шлосберг, една од трите внуци на покојниот американски претседател Џон Кенеди, почина на 35 години откако ѝ беше дијагностицирана леукемија минатата година. Шлосберг, чија мајка е ќерката на Кенеди, Керолајн, откри дека има агресивна форма на рак во ноември, во есеј објавен во списанието „Њујоркер“. Таа тогаш напиша дека ѝ останува помалку од една година живот.

    Во статија насловена „Битка со мојата крв“, Шлосберг откри дека во мај 2024, по раѓањето на второто дете, ѝ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија.

    „Првата мисла ми беше дека моите деца нема да ме паметат“, напиша таа, признавајќи дека и покрај сите третмани, лекарите не ѝ дале добра прогноза.

    Шлосберг работеше како новинарка, која пишуваше за климата и животната средина за „Њујорк тајмс“. На оваа тема објави и книга во 2019.

    Мајката на Шлосберг имала само пет години кога нејзиниот татко Џон Кенеди беше убиен во Тексас во 1963. Братот на Керолајн, Џон Кенеди Џуниор, загина во авионска несреќа во Атлантскиот Океан во 1999.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира