ЧЕТИРИ ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ ЗА „ЕДНА БИТКА ПО ДРУГА“, ШАЛАМЕ ГО ПОБЕДИ ДИКАПРИО ЗА НАЈДОБАР АКТЕР

    ЧЕТИРИ ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ ЗА „ЕДНА БИТКА ПО ДРУГА“, ШАЛАМЕ ГО ПОБЕДИ ДИКАПРИО ЗА НАЈДОБАР АКТЕР„Една битка по друга“ му донесе две награди на режисерот Пол Томас Андерсон (Фото: АП)

    Една битка по друга“ се издвои како фаворит на претстојните Оскари откако победи во четири категории на 83. доделување на Златни глобуси. Акционата црна комедија беше прогласена за најдобар филм во категоријата мјузикл/комедија, Пол Томас Андерсон ги собра наградите за режија и сценарио, а доби и една актерска награда, за Тејана Тејлор за најдобра споредна женска улога.

    Сепак, Тимоти Шаламе го победи Леонардо ДиКаприо за најдобар актер, освојувајќи го првиот Златен глобус за улогата на пингпонгарот Марти Маузер во биографскиот филм „Марти величествениот“.

    Тимоти Шаламе го доби првиот Златен глобус по пет номинации (Фото: АП)

    Хамнет“, адаптацијата на истоимениот роман за смртта на синот на Вилијам Шекспир, е прогласен за најдобра драма, а нејзината главна ѕвезда Џеси Бакли за најдобра актерка.

    Ова не е нормално чувство или ситуација во која треба да се биде. Беше извонредно да се биде дел од ова снимање бидејќи ја раскажувавме приказната за веројатно најпознатиот Британец кој некогаш живеел, а покрај нашето британско семејство, имавме кинеска режисерка, многу Ирци и полска екипа. Ова е вистинска чест“, кажа Бакли.

    Две награди освои и „Тајниот агент“, за најдобар странски филм и за најдобар актер во драма (Вагнер Моура), додека Роуз Бирн доби Златен глобус за најдобра актерка во комедија/мјузикл за „Да имав нозе би те шутнала“. Наградата за најдобра споредна машка улога му припадна на Стелан Скарсгорд за „Сентиментална вредност“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира