ПРОТИВ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ СУМ ВО ПРИНЦИП, ЗА ДА НЕ СЕ ВАДАТ ВЛАСТИТЕ ДЕКА НЕМАЛЕ ВРЕМЕ ДА ГО РЕАЛИЗИРААТ ВЕТЕНОТО, ВЕЛИ ГАШИ

    ПРОТИВ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ СУМ ВО ПРИНЦИП, ЗА ДА НЕ СЕ ВАДАТ ВЛАСТИТЕ ДЕКА НЕМАЛЕ ВРЕМЕ ДА ГО РЕАЛИЗИРААТ ВЕТЕНОТО, ВЕЛИ ГАШИСобранискиот спикер е и против техничка влада 100 дена пред избори. (Фото: СДК.МК)

    Во врска со отворениот муабет за предвремени парламентарни избори, претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарско прашање денеска кажа дека е против.

    „Лично сум поборник за редовни избори, не само поради економска и политичка стабилност, но и заради мерливост на резултатите. Предвремени избори секогаш се алиби за тоа: ‘Немавме време да го реализираме тоа и тоа од програмата, фати предизборен период’ и слични изговори”, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

    Тој е и против техничка влада 100 дена пред избори.

    „Мојот личен став е дека т.н. Пржинска, односно техничката влада беше за тогаш, за таа криза. Членка на НАТО сме, така и треба да се однесуваме, не би требало владејачките партии да злоупотребуваат ресурси пред избори”, вели тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира