БУГАРИЈА ПРЕД ОСМИ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОТКАКО КОАЛИЦИЈАТА ГЕРБ-СДС ОДБИ ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДА

    БУГАРИЈА ПРЕД ОСМИ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОТКАКО КОАЛИЦИЈАТА ГЕРБ-СДС ОДБИ ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДАРосен Жељазков веднаш го врати понудениот мандат од Радев, велејќи дека нема доволно поддршка во парламентот (Фото: Факти)

    Најголемата бугарска парламентарна група ГЕРБ-СДС ја одби понудата од претседателот Румен Радев да се обиде да формира влада, со што станува извесно дека ќе има нови избори во најсиромашната членка на Европската Унија.

    Владата на Росен Жељазков, поддржана од ГЕРБ и СДС, поднесе оставка минатиот месец по неколку недели улични протести против корупција и предложениот буџет. Жељазков веднаш го врати понудениот мандат од Радев, велејќи дека нема доволно поддршка во парламентот за да изгради стабилно мнозинство.

    Се очекува и други партии да го одбијат мандатот, по што Радев ќе треба да го распушти парламентот и да распише нови избори, осми за период од четири години.

    Коалицијата ГЕРБ-СДС победи на последните избори во октомври 2024 и успеа да формира влада во јануари минатата година. Во нејзиниот мандат, Бугарија влезе во еврозоната на 1 јануари оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира