ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА МОЛДАВИЈА ВЕЛИ ДЕКА БИ ПОДДРЖАЛА ОБЕДИНУВАЊЕ СО РОМАНИЈА

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА МОЛДАВИЈА ВЕЛИ ДЕКА БИ ПОДДРЖАЛА ОБЕДИНУВАЊЕ СО РОМАНИЈАМаја Санду сепак признава дека приклучувањето кон ЕУ е пореална опција (Фото: Гети)

    Молдавската претседателка Маја Санду изјави дека би гласала за обединување со Романија ако ова прашање некогаш дојде до референдум, велејќи дека на Молдавија ѝ станува сѐ потешко сама да опстане.

    Со население од 2,4 милиони жители сместени меѓу Романија и Украина, Молдавија стана една од главните мети на руското хибридно војување, вклучувајќи дезинформации и мешање во избори.

    Ако имаме референдум, ќе гласам за обединување со Романија. Гледајте што се случува со Молдавија денес, гледајте што се случува во светот. На мали држави како Молдавија им е сѐ потешко и потешко да преживеат како демократија и суверени држави и да ѝ се спротивстават на Русија“, изјави Санду во еден британски подкаст.

    Молдавија беше дел од Романија од 1918 до 1940, кога беше анектирана од Советскиот Сојуз, а независност прогласи во 1991. На референдумот во 2024, обележан со руско мешање, само 50,4% Молдавци гласаа за членство во ЕУ.

    Сепак, Санду признава дека приклучувањето кон ЕУ е пореална опција. Анкетите покажаа дека две третини Молдавци се противат на обединувањето со Романија, каде што поддршката за ова прашање е обично поголема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира