СТУДОТ НЕМА ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ДА ПОБЕДИ ВО ВОЈНАТА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД СО НАД 300 ДРОНОВИ И ПРОЕКТИЛИ

    СТУДОТ НЕМА ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ДА ПОБЕДИ ВО ВОЈНАТА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД СО НАД 300 ДРОНОВИ И ПРОЕКТИЛИЗеленски кажа дека четворица луѓе загинале во Харкив (Фото: Телеграм)

    Русија ноќеска одново ја нападна енергетската инфраструктура на Украина, лансирајќи речиси 300 дронови и 25 балистички проектили кон повеќе региони, вклучувајќи ги Киев, Харкив, Одеса, Днипро и Доњецк. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека четворица луѓе загинале во Харкив и дека стотици илјади домаќинства во Киев останале без струја.

    „Ситуацијата не е лесна, зашто температурите во Киев утрово беа до -12 степени. Секој ваков напад е потсетник дека поддршката за Украина не смее да сопре. Русија мора да научи дека студот нема да ѝ помогне на Русија да победи во војната“, кажа Зеленски.

    Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека градот бил изложен на краток, но силен напад, при што во рок од еден час биле испукани речиси 20 балистички проектили.

    ДТЕК, приватната украинска енергетска компанија, соопшти дека во рускиот напад била оштетена една од нејзините термоцентрали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира