АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ГО ЗАЗЕДЕ ШЕСТИОТ ТАНКЕР ПОВРЗАН СО ВЕНЕЦУЕЛА

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ГО ЗАЗЕДЕ ШЕСТИОТ ТАНКЕР ПОВРЗАН СО ВЕНЕЦУЕЛАТанкерот „Вероника“ пловел под знамето на Гвајана

    Американската војска зазеде уште еден танкер поврзан со Венецуела, во пресрет на средбата на Доналд Трамп со венецуелската опозиционерка и нобеловка Марија Корина Мачадо. Ова е шеста таква акција од средината на декември и официјални лица кажа дека се случила во Карибите.

    Јужната команда на американската војска соопшти дека танкерот „Вероника“, кој пловел под знамето на Гвајана, бил заземен без инцидент. Министерката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем изјави дека бродот бил санкциониран танкер кој претходно транзитирал низ венецуелските води и ја прекршил блокадата наметната од Трамп.

    Единствената нафта што ќе ја напушти Венецуела е нафта што е правилно и законски координирана“, објави Јужната команда.

    САД почнаа да запленуваат танкери во рамките на кампањата за соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Владата на САД поднела барање за судски налози за запленување на уште десетици танкери поврзани со венецуелската трговија со нафта, изјавија четири извори за „Ројтерс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира