ЕВРОПСКИ ТРУПИ НА ГРЕНЛАНД НЕМА ДА ГИ ПРОМЕНАТ ПЛАНОВИТЕ НА ТРАМП ЗА НЕГОВО ПРЕЗЕМАЊЕ, КАЖА БЕЛАТА КУЌА

    ЕВРОПСКИ ТРУПИ НА ГРЕНЛАНД НЕМА ДА ГИ ПРОМЕНАТ ПЛАНОВИТЕ НА ТРАМП ЗА НЕГОВО ПРЕЗЕМАЊЕ, КАЖА БЕЛАТА КУЌАНАТО како организација не е вклучен во воената вежба на Гренланд (Фото: АП)

    Распоредување европски трупи на Гренланд нема да ги промени плановите на Доналд Трамп за преземање на островот, кажа Белата куќа.

    Не мислам дека европските трупи влијаат врз процесот на донесување одлуки на претседателот или врз неговата цел за преземање на Гренланд“, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен вчера го објави почетокот на операцијата „Арктичка издржливост“, чија цел е да се воспостави попостојано воено присуство на Гренланд и да се спроведуваат заеднички вежби. Во нив засега учествуваат и војските на Франција, Германија, Холандија, Шведска, Норвешка и Финска. Естонија кажа дека учествува во планирањето и дека е спремна да испрати трупи ако тоа биде побарано.

    НАТО како организација не е вклучен во воената вежба, која е опишана како меѓувладина вежба.

    Трамп не ја промени својата реторика и по средбата на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со Џеј-Ди Венс и Марко Рубио во Вашингтон, велејќи дека Гренланд е важен за националната безбедност на САД.

    Навистина ни треба. Проблемот е што Данска не може да направи ништо ако Русија или Кина сака да го окупира Гренланд. Ние можеме сѐ“, порача Трамп.

    Велика Британија и Норвешка јавно ја поддржуваат иницијативата за воспоставување мисија на НАТО наречена „Арктички стражар“, што би го зголемило влијанието на алијансата и би го уверило Трамп во посветеноста на Европа кон безбедноста во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира