„РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ГРЕНЛАНД“ – ВО ДАНСКА И ГРЕНЛАНД СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ПЛАНОВИТЕ НА ТРАМП

    „РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ГРЕНЛАНД“ – ВО ДАНСКА И ГРЕНЛАНД СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ПЛАНОВИТЕ НА ТРАМППротест се одржа и во Нук, главниот град Гренланд (Фото: АП)

    Илјадници луѓе денеска протестираа во Данска и Гренланд против плановите на Доналд Трамп за преземање на полуавтономната данска територија. Протести се одржаа во Копенхаген, Орхус, Оденсе, Олборг и други дански градови, како и во Нук, главниот град Гренланд и беа организирани од дански и гренландски невладини организации.

    Тие се совпаднаа со посетата на двопартиска делегација на американскиот Конгрес, чиј лидер сенаторот Крис Кунс кажа дека реториката на Трамп не е конструктивна.

    Трамп не ја исклучи можноста за насилно преземање на Гренланд, за кој инсистира дека е клучен за националната безбедност на САД и објави дека ќе воведе нова царина за осум европски земји кои се приклучија на воените вежби на островот.

    Рацете подалеку од Гренланд“ и „Гренланд не е на продажба“ беа пораките што беа испратени од протестите.

    Многу е важно да останеме заедно и да покажеме дека Гренланд не е на продажба и дека не би сакале да бидеме Американци или да нѐ анектираат САД“, изјави гренландскиот политичар Ерик Јенсен.

    Анкетите покажуваат дека 85% жители на Гренланд се противат на присоединувањето на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира