НАЈМАЛКУ 39 ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЈУЖНА ШПАНИЈА

    НАЈМАЛКУ 39 ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЈУЖНА ШПАНИЈАПовредени се најмалку 170 луѓе, од кои 75 се превезени во болница (Фото: Икс)

    Најмалку 39 луѓе загинаа, а десетици се повредени во судир на возови во јужна Шпанија и властите предупредија дека бројот на жртви на најтешката железничка несреќа во земјата во последните десетина години би можел да расте.

    Вагоните од возот кој патуваше за Мадрид излетаа од шини и преминаа на соседната пруга, при што се судрија со друг воз во Адамус во близина на Кордоба. Во двата воза имало вкупно 400 патници и членови на екипажот.

    Според итните служби на Андалузија, повредени се најмалку 170 луѓе, од кои 75 се превезени во болница. Министерот за транспорт Оскар Пуенте ја опиша несреќата како многу чудна, додека властите започнаа истрага.

    Железничката компанија „Адиф“ соопшти дека несреќата се случила десет минути откако возот за Мадрид ја напуштил станицата во Малага, излетувајќи на прав дел од пругата.

    Силата на судирот ги турна вагоните од другиот воз во насип. Повеќето од загинатите и повредените биле во предните вагони од другиот воз, кој се движел од Мадрид до Уелва“, кажа Пуенте.

    Типот на воз вклучен во несреќата бил „фрекија 1000“, кој може да достигне максимална брзина од 400 км/ч, изјави портпаролот на италијанската железничка компанија „Феровие дело Стато“.

    Спасувачките екипи изјавија дека извитканите остатоци од возовите го отежнуваат извлекувањето на луѓето заробени во вагоните.

    „Моравме да извадиме мртво лице за да можеме да стигнеме до некој жив. Тоа е тешка, сложена работа“, кажа шефот на противпожарната служба во Кордоба, Франсиско Кармона.

    Официјалната причина за несреќата засега не е позната. Според Пуенте, утврдувањето на причините би можело да трае најмалку еден месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира