БЕЈЛИ: ПАРЛАМЕНТОТ НОСИ ОДЛУКА ЗА ИЗБОРИ, НЕ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:27:"Скопје(АЛСАТМ)

    БЕЈЛИ: ПАРЛАМЕНТОТ НОСИ ОДЛУКА ЗА ИЗБОРИ, НЕ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

    Амбасадорите на САД и ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав вeчерва во емисијата 360 степени на Телевизија Алсат М потсетија на писмото од февруари во кое наведоа три услови за  фер и слободни избори во земјава. Тоа беа прочистувањето на избирачкиот список, медиумските реформи и оневозможување на појава на заплашување на гласачи и притисоци врз администрацијата.
    На прашање на новинарот дали Македонија е спремна за избори на 5 јуни, американскиот амбасадор Џес Бејли рече:„На крајот, парламентот е тој што ја носи одлуката за датумот на избори, а не меѓународната заедница“, рече американскот амбасадор Бејли .

    Тој потсети дека на 22-ри февруари, амбасадорите на САД и ЕУ биле приморани да кажат дека одредени услови не се исполнети, особено за Државната изборна комисија и подготовките на избирачкиот список.

    „Од тогаш се спроведени вкрстените проверки, се спроведуваат теренски проверки и исто така во МВР, од страна на државниот секретар, се одвиваат низа административни проверки. Така што, сега она што граѓаните, парламентот и други треба да го прашуваат е дали тие работи се одвиваат како што треба.“, рече Бејли.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира