МЕРЦ И ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГИ ОТКАЖАА СРЕДБИТЕ СО ТРАМП ВО ДАВОС, СИ ЗАМИНАЛ И МАКРОН

    МЕРЦ И ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГИ ОТКАЖАА СРЕДБИТЕ СО ТРАМП ВО ДАВОС, СИ ЗАМИНАЛ И МАКРОНТрамп со тричасовно доцнење пристигна во Швајцарија (Фото: АП)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажаа дека нема да се сретнат со Доналд Трамп за време на Светскиот економски форум во Давос, а оттаму си заминал и францускиот претседател Емануел Макрон.

    Трамп со тричасовно доцнење пристигна во Швајцарија откако по првичното полетување се појавил електричен проблем на неговиот авион „Ер форс уан“, па мораше да се врати назад и повторно да полета со резервен авион.

    Мерц кажа дека ја откажал планираната средба со Трамп поради неговото доцно доаѓање, додека Фон дер Лајен ќе оди за Брисел, каде што утре ќе заседава Европскиот совет.

    „Претседателката донесе стратешка и политичка проценка дека е најдобро да се врати во Брисел за да се фокусира на подготовката за многу важниот состанок на Европскиот совет“, соопшти Европската комисија.

    Во својот говор во Давос, Фон дер Лајен кажа дека се случува трајна промена во меѓународниот поредок и дека ЕУ е спремна да делува ако биде потребно, реагирајќи на заканите на Трамп околу Гренланд.

    Трамп прво ќе се сретне со бизнис лидерите, а потоа ќе одржи говор на Светскиот економски форум, кој се очекува со голем интерес, зашто би можел да се фокусира и на неговите планови за Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира