ЕВРОПСКАТА КРАЈНА ДЕСНИЦА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ТРАМП ПОРАДИ ВЕНЕЦУЕЛА И ГРЕНЛАНД

    ЕВРОПСКАТА КРАЈНА ДЕСНИЦА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ТРАМП ПОРАДИ ВЕНЕЦУЕЛА И ГРЕНЛАНДНеодобрувањето на потезите на Трамп расте низ целиот континент (Фото: ДПА)

    Европските крајнодесничарски и популистички партии се дистанцираат од Доналд Трамп поради воениот упад во Венецуела и неговиот обид за преземање на Гренланд.

    Администрацијата на Трамп им даде јавна поддршка на крајнодесничарските европски партии, со кои дели сличен став за прашања како имиграција и климатски промени, помагајќи во легитимирањето на движењата кои долго време се соочуваа со стигма дома, а сега се во подем. Во новата Стратегија за национална безбедност на САД, објавена минатиот месец, се вели дека „растечкото влијание на патриотските европски партии дава причина за голем оптимизам“.

    Но, тие партии сега се соочуваат со дилема, бидејќи неодобрувањето на потезите на Трамп расте низ целиот континент.

    Доналд Трамп прекрши фундаментално ветување од кампањата – да не се меша во работите на други земји“, рече Алис Вајдел. лидерката на крајнодесничарската Алтернатива за Германија, додека нејзиниот колега од партијата Тино Крупала ги отфрли „методите на Дивиот запад“.

    Лидерот на Националниот собир, Жордан Бардела, изјави дека Европа мора да реагира на заканите од Трамп со мерките против принуда и со суспензијата на економскиот договор помеѓу ЕУ и САД потпишан лани.

    Британската популистичка партија Реформа, чиј лидер Најџел Фараж долго време ги фалеше своите блиски врски со Трамп, рече дека е тешко да се каже дали тој блефира.

    „Но, да се користат економски закани против земјата која се смета за ваш најблизок сојузник повеќе од сто години не е нешто што би го очекувале“, се вели во соопштението на Реформа.

    Уште поостар беше Матијас Карлсон, често наведуван како главен идеолог на крајнодесничарските Шведски демократи.

    „Трамп сè повеќе личи на обратен крал Мида. Сè што ќе допре се претвора во ѓубре“, напиша тој на Икс.

    Други имаат порезервиран тон, па полскиот претседател Карол Навроцки и унгарскиот премиер Виктор Орбан повикаа прашањето на Гренланд да се реши билатерално помеѓу САД и Данска.

    Десничарската премиерка на Италија, Џорџа Мелони, рече дека одлуката на Трамп да воведе царини за своите европски сојузници е грешка.

    „Разговарав со Доналд Трамп и му кажав што мислам. Сметам дека постои проблем во разбирањето и комуникацијата помеѓу Вашингтон и Европа“, кажа Мелони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира