САД И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

    САД И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈАСАД ѝ останале должни на СЗО 260 милиони долари (Фото: Гети)

    САД и официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО), која со тоа остана без еден од своите најголеми донатори.

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекувањето пред една година, критикувајќи ја организацијата дека премногу ѝ била наклонета на Кина за време на ковид пандемијата. Американското министерство за здравство кажа дека одлуката била донесена поради лошото управување со пандемијата, неможноста да се реформира и политичкото влијание од некои членки.

    СЗО ги отфрли ваквите тврдења, а нејзиниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус кажа дека повлекувањето е загуба и за САД и за светот.

    Вашингтон традиционално беше еден од најголемите донатори на СЗО, но не ги платил своите такси за 2024 и 2025, што веќе предизвика огромни загуби на работни места во организацијата. Иако адвокатите на СЗО сугерираат дека САД се должни да ги платат заостанатите долгови, проценети на 260 милиони долари, Вашингтон рече дека не гледа причина да го стори тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира