ДАНСКАТА ВОЈСКА БИЛА ВО БОРБЕНА ГОТОВНОСТ НА ГРЕНЛАНД ПОРАДИ МОЖЕН НАПАД ОД САД

    ДАНСКАТА ВОЈСКА БИЛА ВО БОРБЕНА ГОТОВНОСТ НА ГРЕНЛАНД ПОРАДИ МОЖЕН НАПАД ОД САДНеколку земји испратија мал број војници на Гренланд за да помогнат во зајакнувањето на безбедноста на островот (Фото: АФП)

    Данската војска испратена на Гренланд минатата недела добила наредба да биде во состојба на борбена готовност поради можен напад од САД, објави данската државна телевизија „ДР“, која одлучи да не ги објави деталите од планот.

    Според медиумот, кој се повика на извори од политичкиот врв, на војската ѝ било наредено да биде опремена со боева муниција и постоела можност за испраќање уште војници и опрема во Нук, главниот град на Гренланд. Планот бил отповикан откако Доналд Трамп кажа на Светскиот економски форум во Давос дека нема да употреби сила за да го преземе Гренланд.

    ДР“ објави дека во земјата постоела широко распространета политичка волја за борбени дејства доколку се случи американски напад, не само во данската влада, туку и кај опозициските партии.

    Франција, Германија, Шведска и Норвешка испратија мал број војници на Гренланд за да помогнат во зајакнувањето на безбедноста на островот откако разговорите помеѓу САД, Данска и Гренланд во Вашингтон само го нагласија несогласувањето помеѓу владата на Трамп и европските сојузници. Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен тогаш изјави дека целта на операцијата „Арктичка издржливост“ е да се воспостави попостојано воено присуство на Гренланд и да се спроведуваат заеднички вежби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира