ИЛИЈАНА ЈОТОВА СТАНА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА БУГАРИЈА

    ИЛИЈАНА ЈОТОВА СТАНА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА БУГАРИЈАНа 16 април 2020, тогашната потпретседателката Илијана Јотова и тогашниот премиер Римен Петков на дојдоа во Битола на oтвoрањето на бугарскиот клуб „Ванчo Михајлов“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Илијана Јотова стана првата претседателка на Бугарија, откако Уставниот суд ги суспендираше овластувањата на Румен Радев по неговата оставка. Јотова досега беше потпретседателка на Бугарија, на фнкцијата беше од 22 јануари 2017 за време на двата мандата на претседателот Радев.

    Јотова му се заблагодари на Радев за деветгодишната соработка, истакнувајќи дека заедно работеле во интерес на граѓаните и во согласност со Уставот. Таа најави дека ќе продолжи да ја извршува функцијата со посветеност и одговорност.

    Радев ѝ се заблагодари за професионалноста, по што беше свечено испратен од Претседателството, а Јотова веднаш ги презеде државничките обврски.

    Според бугарскиот Устав, Јотова ќе ја извршува функцијата претседателка до крајот на мандатот за кој беше избран Румен Радев, односно јануари 2027 година. Тоа значи дека, иако ја презеде функцијата предвреме поради оставката на Радев, нејзиниот мандат трае до јануари 2027, кога официјално завршува вториот петгодишен претседателски мандат. Планирани се и нови претседателски избори во 2026, на кои таа може да се кандидира за свој мандат, но засега ќе остане на должноста до истекот на сегашниот мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира