Поранешниот министер за евроинтеграции во владата на СДСМ и ДУИ Бојан Маричиќ е нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Маричиќ доаѓа на местото на Борис Кондарко, кој исто беше предлог на СДСМ.
Собранието денес со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.



