ЕУ ЈА ПРОГЛАСИ ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ЕУ ЈА ПРОГЛАСИ ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈАИРГЦ е најмоќната воена сила во Иран (Фото: ЕПА)

    Европската Унија ја додаде Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) на листата на терористички организации по бруталното задушување на антивладините протести во Иран оваа година. Еврокомесарката за надворешни прашања Каја Калас кажа дека морале да преземат решителен чекор зашто репресијата не смее да помине без одговор.

    Ова ја става Револуционерната гарда на исто ниво со Ал-Каеда и Исламска држава“, кажа Калас.

    Групите за човекови права кажаа дека во неколкунеделните протести во Иран биле убиени илјадници луѓе. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека тоа беше најнасилната репресија во модерната историја на Иран.

    Секој режим што убива илјадници свои луѓе работи на сопствената пропаст“, изјави Калас, очекувајќи дипломатските канали со Иран да останат отворени.

    ИРГЦ е најмоќната воена сила во Иран. Беше воспоставена набргу по Исламската револуција во 1979 и се проценува дека денес има околу 190.000 активни припадници. Австралија, Канада и САД веќе ја класифицираа гардата како терористичка група, но не и Велика Британија.

    ЕУ истовремено воведе санкции за шест субјекти и 15 личности од Иран, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Ескандар Момени и генералниот обвинител Мохамад Мовахеди Азад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира