„КИНОВЕРЗУМ“ ЌЕ ПРИКАЖУВА ФИЛМОВИ ВО ВЕЛЕШКОТО КИНО ДО ИЗБОРОТ НА СЛЕДЕН ЗАКУПЕЦ

    „КИНОВЕРЗУМ“ ЌЕ ПРИКАЖУВА ФИЛМОВИ ВО ВЕЛЕШКОТО КИНО ДО ИЗБОРОТ НА СЛЕДЕН ЗАКУПЕЦСоветот изгласа и распишување нов јавен повик за давање под закуп на салата „Бели мугри“ за дигитално кино, исто така во период од три години. (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Велес даде согласност за продолжување на договорот за закуп на салата „Бели мугри“ од киноприкажувачот „Киноверзум“, за да може да продолжи да работи сè до изборот на закупец по новиот јавен повик кој дополнително ќе биде распишан. Точката на вчерашната седница беше ставена на дневен ред како итна.

    „Договорот за закуп со киното е завршен, до распишување на новиот повик и изборот на закупец потребно е да го продолжиме договорот со сегашниот, за да може следните месец-два, зависи колку ќе трае постапката, киното да продолжи со работа во интерес на киноприкажувачката дејност и љубителите на филмот“, рече Панче Јанев, секретар на Општина Велес.

    Веднаш по оваа точка беше изгласана нова за распишување нов јавен повик за давање под закуп на салата „Бели мугри“ за дигитално кино, исто така во период од три години.

    „Киноверзум“ во Велес започна со прикажување филмови на 19 јануари 2023. Закупот на техниката и на салата е на три години, а месечната закупнина изнесува 30.707,00 денари без ДДВ. Киното се наоѓа во салата „Бели мугри“ која беше обновена и опремена со нова опрема, инвестиција од локалната власт вредна 76 илјади евра. Таа се отвори со прикажување на само еден филм, македонскиот „Стела“ на 10 октомври 2020, и три години ниту опремата, ниту салата не беа користени.

    Од 19 јануари годинава, сè додека не се продолжи договорот за користење на салата, „Киноверзум“ немаше кинорепертоар. Од година в година, според податоците на Државниот завод за статистика, опаѓа бројот на кино гледачи овие три години кои ги посетуваат филмските проекции во Велес, иако се прикажуваат нови и актуелни светски дела. Заради подигање на интересот за филмот, локалната власт започна да ги носи децата од основните училишта на кинопроекции, а влезниците ги плаќа Општината.

    „Киноверзум“, освен во Велес, со редовна киноприкажувачка дејност се бави  и во домовите на културата во Кисела Вода во Скопје и во Штип и Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира