КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВАЈЦА РОМИ ОД БИТОЛА КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ, ЕДНИОТ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВАЈЦА РОМИ ОД БИТОЛА КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ, ЕДНИОТ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВРомите од Битола на 3 февруари излегоа на протести со блокада на магистралниот пат кон Охрид, а потоа протестираа и пред судот и полицијата, a простетираа и вчера. (Фото: СДК.МК)

    На целиот државен врвз преку видеопорака вечерва им се извини Рафет Мемишовски од Битола, еден од Ромите кои протестираа против тоа што полицијата им ги одзеде возилата откако ги затекна како возат без возачка дозвла. Тој се сними самиот дома во отсуство на медиуми и видеото го објави на социјалните мрежи. Тоа е истото лице кое најави дека ќе има убиства ако им ги земат возилата, а извинувањето следи ден по барањето на премиерот Христијан Мицкоски полицијата да даде жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир.

    Денес полицијата против Рафет и Феим Мемишовски поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста. Кривичните пријави се поднесени поради заканите против телото и животот на полицајците што ги изнесоа на протестите изминатите два дена. Во нивните изјави имаше и вулгарности.

    „Се извинувам пред цела Влада и министерства, премиер и претседател што направивме грешка, што се заканивме, нема да се повтори уште еднаш, бевме изреволтирани, на братучед ми му ја земаа колата. Нема да се закануваме на никој и се извинувам. И сепак им сум благодарен на влади, министерства, претседатели“, рече Мемишовскиј во видеопораката.

    Ромите од Битола на 3 февруари излегоа на протести со блокада на магистралниот пат кон Охрид, а потоа протестираа и пред судот и полицијата. Побараа да се укинат законските измени со кои ако возач се затекне без возачка дозвола ќе му се одзема возилото. Во изјавите имаше и закани. По ова, премиерот излезе со изјава дека побарал мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски кон секој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори.

    ,,Ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се случи“, рече вчера Мицкоски.

    Неколку часа по изјавата, вчеравечер запреа протестите, а денес следуваше и извинувањето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира