ТЕТОВО ДОБИ МОДЕРЕН ИНСТИТУТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА ПО ДВЕ ГОДИНИ ОБНОВА

    ТЕТОВО ДОБИ МОДЕРЕН ИНСТИТУТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА ПО ДВЕ ГОДИНИ ОБНОВА

    Министерот за здравство Азир Алиу направи увид во реконструкцијата на Институтот за трансфузиона медицина во Клиничката болница во Тетово. Реконструкцијата започна на почетокот на 2024, во што Институтот инвестирал околу 8,3 милиони денари (134.000 евра).

    „Центарот за трансфузија во Тетово, еден од регионалните центри, ги задоволува условите за нудење на таков тип на здравствени услуги, бидејќи целта на Министерството е дисперзија на здравствените услуги на ниво на државата. Се надевам дека ќе продолжиме со развојот, како од аспект на технологии, така и за создавање нови можности за Центарот“, кажа Алиу.

    Регионалниот центар за трансфузија во Тетово вклучува и три помали центри во Гостивар, Кичево и Струга.

    Министерот Алиу се осврна и на улогата на Министерството во контролата на издадените лиценци за фирмите кои одгледуваат канабис за медицински цели.

    „Министерството за здравство дава лиценци или дозволи за работа за секоја фирма која сака да произведува овој тип на медицински материјал. Според нашите протоколи, тие мора на секои три месеци да ја известуваат нашата институција. Покрај ова, ние со инспекторатот имаме годишен план, но имаме и ад хок посети ако е потребно. Како овие производи излегуваат надвор и како се пренесуваат од една во друга институција, тие мора да нè информираат, но ако е надвор од нашите протоколи, ние не сме надлежни, туку Министерството за внатрешни работи“, изјави Алиу.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира