ТРАМП МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ОРБАН ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

    ТРАМП МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ОРБАН ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈАОрбан долго време е близок сојузник на Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп му даде поддршка на Виктор Орбан пред клучните парламентарни избори во Унгарија, на кои тој ќе се соочи со најголемиот предизвик во 16-годишното владеење. Партијата Тиса на Петер Маѓар има солидно водство во предизборните анкети и би можела да го загрози досега неприкосновениот Орбан на изборите на 12 април.

    „Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и тотална поддршка за реизбор како унгарски премиер. Тој никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Тој додаде дека односите помеѓу САД и Унгарија достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни постигнувања.

    Трамп редовно поддржува десничарски конзервативни лидери пред избори, како што беше случај и со аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и јапонската премиерка Санае Такаичи.

    Орбан долго време е близок сојузник на Трамп и беше еден од првите европски лидери кои ја поддржаа неговата претседателска кандидатура во 2016. Трамп дури ја исклучи Унгарија од американските санкции за руската нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира