САБОТАЖИ НА ПРУГИТЕ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ОЛИМПИЈАДАТА

    САБОТАЖИ НА ПРУГИТЕ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ОЛИМПИЈАДАТАПолицијата извести за три одделни инциденти (Фото: ЗУМА)

    Железничката мрежа во северна Италија е погодена од саботажи на првиот ден од Зимската олимпијада во Милано и Кортина, што доведе до нарушувања во сообраќајот. Полицијата извести за три одделни инциденти и се верува дека ова е поврзано со ЗОИ.

    Пожар оштети железничка инфраструктура меѓу Болоња и Венеција, поради што имаше доцнења на возовите до два и пол часа, а потоа се најдени пресечени електрични кабли и импровизирана експлозивна направа на локации во близина.

    Министерството за транспорт ги опиша инцидентите како чин на сериозна саботажа, кои потсетуваат на вандализмот за време на Олимписките игри 2024 во Париз.

    Овие дејствија со невидена сериозност во никој случај не го нарушуваат имиџот на Италија во светот, слика што Игрите ќе ја направат уште попривлечна и попозитивна“, рече вицепремиерот и министер за транспорт Матео Салвини.

    Портпаролот на полицијата изјави дека ги истражуваат инцидентите и дека засега никој не ја презел одговорноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира