ВИКТОР ПЕТКОВ Е НА 55. МЕСТО ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА

    ВИКТОР ПЕТКОВ Е НА 55. МЕСТО ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДАПетков настапи на една од најпредизвикувачките патеки во светот, „Стелвио“ во Бормио, каде во силна светска конкуренција. (Фото: МОК)

    Македонскиот алпски скијач Виктор Петков го освои 55-то место во велеслалом, на неговото прво олимписко учество на Зимски олимписки игри во Милано-Кортина. Петков настапи на една од најпредизвикувачките патеки во светот, „Стелвио“ во Бормио, каде во силна светска конкуренција успеа да се избори за пласман меѓу најдобрите. По првото возење, тој го делеше 57. место со време од 1:27:36 минути.

    „Со смирено и тактички зрело второ возење, Петков успеа да го подобри својот пласман и да се искачи на конечната 55-та позиција, со што успешно ја заврши својата олимписка мисија и најави светла иднина како еден од носителите на македонското алпско скијање“, велат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

    Трката беше одбележана со исклучително високо темпо и историски резултати, а по првата трка водеше извонредниот Лукас Пињеиро Братен од Бразил, кој подоцна стана и сензационален олимписки шампион. Братен, кој е роден во Норвешка, го освои првото зимско олимписко злато за Бразил, што е и прв медал воопшто за Јужна Америка на зимските олимпијади. Тој за 0.58 секунди беше побрз од досегашниот олимписки шампион Марко Одермат од Швајцарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира