Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан зашто неговото лидерство е клучно за американските национални интереси, кажа државниот секретар Марко Рубио при посетата на Будимпешта, изразувајќи му силна американска поддршка на унгарскиот премиер пред изборите на 12 април. Рубио кажа дека американските врски со Унгарија влегоа во златна ера, но се чини го услови тоа со останувањето на Орбан на власт.
„Претседателот Трамп е длабоко посветен на вашиот успех, бидејќи вашиот успех е и наш успех. Сакаме оваа земја да напредува. Тоа е во наш национален интерес, особено додека вие сте премиер и лидер на оваа земја“, рече Рубио, кој вчера ја посети и Словачка.
Трамп веќе му даде јавна поддршка на Орбан пред изборите, на кои тој ќе се соочи со најголемиот предизвик откако ја презеде власта во 2010 година.
„Ако се соочувате со финансиски тешкотии, ако се соочувате со работи што претставуваат пречка за растот, ако се соочувате со работи што ја загрозуваат стабилноста на вашата земја, знам дека претседателот Трамп би бил многу заинтересиран поради вашиот однос со него и поради важноста на оваа земја за нас“, кажа Рубио.
Тој и Орбан потпишаа договор за цивилна нуклеарна соработка, што беше најавен од Трамп.



