Три лица се убиени, вклучувајќи го напаѓачот, во пукање на младински хокејарски натпревар во американската сојузна држава Род Ајленд. Полицијата кажа дека уште тројца луѓе се превезени во болница во критична состојба.
Шефицата на полицијата во Потакет, Тина Гонсалвес, изјави дека некој од гледачите го запрел насилството така што се обидел да го совлада напаѓачот, кој бил на трибините за да гледа член на семејството. Напаѓачот починал откако самиот се застрелал.
„Се чини дека настанот не бил избран случајно, туку станува збор за семеен спор“, изјави Гонсалвес.
Властите го идентификуваа напаѓачот како Роберт Дорган, кој бил роден во 1969 како Роберта Еспосито. Повеќе детали за напаѓачот и жртвите не се објавени, освен дека сите починати се возрасни лица.



