ЗНМ ПРОСЛАВИ 80 ГОДИНИ, НАГРАДАТА „ЈАШАР ЕРЕБАРА“ ЗА „ФОКУС“, „ИРЛ“ И „КОД“, РЕГИОНАЛНАТА ЗА РАМАДАНИ, А РИСТО ТАСЕВ И РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ ДОБИЈА „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    ЗНМ ПРОСЛАВИ 80 ГОДИНИ, НАГРАДАТА „ЈАШАР ЕРЕБАРА“ ЗА „ФОКУС“, „ИРЛ“ И „КОД“, РЕГИОНАЛНАТА ЗА РАМАДАНИ, А РИСТО ТАСЕВ И РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ ДОБИЈА „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОГодинава три редакции ја поделија главната награда „Јашар Еребара“, за истражувачки стории за пожарот во Кочани. (Фото:К. Попов)

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) синоќа свечено одбележа 80-годишен јубилеј, при што беа доделени годишните награди за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за животно дело „Крсте Петков Мисирков“.

    За стории за катастрофалниот пожар во Кочани на 16 март 2025 со 63 жртви, наградата „Јашар Еребара“ ја поделија „Фокус“ односно новинарката Ирена Мулачка, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)  и емисијата КОД.

    Новинарот Ардит Рамадани ја доби наградата за најдобра регионална сторија во „Порталб“.

    Наградата „Крсте Петков Мисирков“  ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски.

    Здружението на новинари додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата за известување на локално ниво ја доби новинарката Анета Блажевска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира