НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП СТАПИЈА ВО СИЛА, НО СО ПОМАЛА СТАПКА ОД НАЈАВЕНОТО

    НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП СТАПИЈА ВО СИЛА, НО СО ПОМАЛА СТАПКА ОД НАЈАВЕНОТОТрамп најави нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15% (Фото: Гети)

    Новите глобални царини на Доналд Трамп од 10% стапија во сила денеска, но со помала стапка од најавеното.

    Откако Врховниот суд во петокот блокираше повеќето од неговите царини, Трамп објави дека ќе воведе нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15%. Сепак, според официјалните документи, царините се утврдени по пониска стапка, без издадена наредба за нејзино зголемување.

    „Мислам дека тоа само ги зголемува хаосот и нередот. Во однос на неизвесноста, се вративме таму каде што бевме минатата година“, рече Карстен Брзески, аналитичар во инвестициската банка „ИНГ“, додавајќи дека сега постои поголем ризик трговските партнери на САД да возвратат.

    Гласајќи 6-3, судиите ја потврдија одлуката на понискиот суд дека Трамп ги надминал неговите овластувања кога ги вовел царините според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации (ИЕЕПА) од 1977. Истиот ден, Трамп воведе нови царини според друг член од овој закон, кој ја одобрува нивната важност на 150 дена без одобрение од Конгресот.

    Трамп тврдеше дека царините се неопходни за да се намали трговскиот дефицит на Америка. Но, дефицитот достигна нов максимум минатата недела, зголемувајќи се за 2,1% во споредба со 2024 и достигнувајќи приближно 1,2 трилиони долари.

    Според најновите официјални податоци, САД веќе собрале најмалку 130 милијарди долари од царините користејќи го ИЕППА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира