Мртов рис, утрово бил пронајдено на патот Ресен- Охрид, веднаш до планинскиот превој Буково, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Смртта на рисот ја потврдија од Државниот инспекторат за животна средина.
Рисот е женка и се претпоставува дека била изгазена, но за точно утврдување на причините за смртта ќе биде направена обдукција.
Рисот бил забележана утрово околу 6 часот на патот од страна на автобус. Патниците случајот го пројавиле во ловечко здружение.
Рисот е загрозено животно во Македонија и останати се околу 50 единици.
Ж.ЗДРАВКОВСКА



