Во Македонија издадена е осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија (СМА). Марката свечено ќе биде промовирана на 28 февруари во 16:30 часот во Јуроп Хаус (Europe House) во Скопје, во организација на Здружението „СТОП СМА Македонија“.
Иницијативата е на Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид.
„Секоја марка што ја издаваме е ветување дека овие деца нема да бидат заборавени. Како вработена во Пошта, горда сум што мојот професионален дом стана засолниште на хуманоста. Овие 8 марки се нашиот заеднички крик дека ‘Ретко е да си редок’, но токму во таа реткост лежи најголемата сила. Македонија денес повторно е пример за целиот свет“, вели Лолеска.



