СЕ ВРШИ СУДСКИ ПРИТИСОК ВРЗ ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО, ВЕЛАТ ОД ЗНМ И ССНМ ОТКАКО АПЕЛАЦИЈА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ИРЛ ВО СЛУЧАЈОТ СО АНЃУШЕВ

    СЕ ВРШИ СУДСКИ ПРИТИСОК ВРЗ ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО, ВЕЛАТ ОД ЗНМ И ССНМ ОТКАКО АПЕЛАЦИЈА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ИРЛ ВО СЛУЧАЈОТ СО АНЃУШЕВСтанува збор за предмет за клевета и навреда, во кој тужител е поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, а тужени се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска, во врска со истражувачкиот документарец ‘Заговор против воздухот‘.(Фото: Фејсбук)

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека се врши судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ.

    Во овој момент, според јавно достапните информации, одлуката на жалбата на ИРЛ е објавена, но образложението сè уште не е јавно соопштено и се очекува да следува во писмената пресуда.

    „Потсетуваме дека станува збор за предмет за клевета и навреда, во кој тужител е поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, а тужени се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска, во врска со истражувачкиот документарец ‘Заговор против воздухот‘. Првостепената пресуда во овој случај беше донесена во 2023 година и тогаш исто така јавно реагиравме бидејќи пресудата не навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот вицепремиер Анѓушев во емисијата емитувана во 2021 година на МРТВ, туку се врши дискредитација на новинарите и на непрофитниот медиум ИРЛ сѐ со цел да се оправда првостепената одлука, емитуван во 2021 година“, се вели во соопштението на ЗНМ и ССНМ.

    Како што велат од ЗНМ и ССНМ во образложението на таа пресуда, која сега ја потврди и Апелација, се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност.

    „ССНМ и ЗНМ сметаат дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство“, велат од ЗНМ и ССНМ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира