УШТЕ 186 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, НОВИОТ РОК ЗА ЗАВРШУВАЊЕ Е ЈУНИ ИДНАТА ГОДИНА

    УШТЕ 186 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, НОВИОТ РОК ЗА ЗАВРШУВАЊЕ Е ЈУНИ ИДНАТА ГОДИНАДо крајот на минатата година за овој проект се потрошени речиси 558 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Собранието ги изгласа законските измени со кои се овозможува потпишување на нов, осми анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Со овој документ се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и нов рок за завршување на градежните работи до јуни идната година.

    Делницата долга 57 километри почна да се гради пред 12 години, а дополнителните финансии се наменети за работи кои не биле предвидени во првичниот проект. Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека со овие средства ќе се стабилизираат свлечиштата преку изградба на 14 галерии, ќе се постави заштитна ограда по европски стандарди и ќе се изгради контролен центар за тунелите.

    Анексот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и кинески „Синохидро“ предвидува и изградба на пристапни патишта неопходни за поврзување на населените места долж трасата. Станува збор за патни правци меѓу селата Арбиново, Издеглавје, Ново Село, Ботун, Мешеиште, Требениште и Подмоље до Охрид.

    До крајот на минатата година за овој проект се потрошени речиси 558 милиони евра. Досега во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот, вклучувајќи ги потезите од Врбјани до Ботун и од Климештани до Охрид. Со новото продолжување од 151 ден, изведувачот се обврзува комплетно да ја заврши делницата која е во изградба повеќе од една деценија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира