АЕРОДРОМОТ ВО МИНХЕН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ПАТНИЦИТЕ КОИ ПРЕСПАА ВО АВИОНИ ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СИ ОТИДОА ДОМА

    АЕРОДРОМОТ ВО МИНХЕН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ПАТНИЦИТЕ КОИ ПРЕСПАА ВО АВИОНИ ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СИ ОТИДОА ДОМАИстражувањата по инцидентот, кој се случи на 19 февруари, покажале дека десетици пожарникари, кои можеле да помогнат при симнувањето на патниците од авионите, се наоѓале во непосредна близина, но не биле повикани. (Фото: Гети)

    Високи претставници на аеродромот во Минхен и германската авиокомпанија „Луфтханза“ се извинија за направените грешки поради кои стотици патници беа принудени да ја поминат ноќта во шест авиони заглавени на аеродромот поради лошото време.

    Истражувањата по инцидентот, кој се случи на 19 февруари, покажале дека десетици пожарникари, кои можеле да помогнат при симнувањето на патниците од авионите, се наоѓале во непосредна близина, но не биле повикани.

    „Требало да бидат известени. Имало неколку можност да се реши ситуацијата, но тоа не се случило“, изјави Томас Хоф Андерсон, извршен директор за авијација и операции на аеродромот во Минхен.

    Хајко Рајц ,член на управниот одбор на „Луфтханза“, наведе три главни причини зошто патниците не биле симнати од авионите: временските услови биле исклучително тешки, имало премалку достапни возачи на автобуси и било одлучено да не се алармира аеродромската противпожарна служба.

    „Направивме грешки таа ноќ“, изјави Рајц.

    Според аеродромот, можеле да бидат ангажирани 49 пожарникари, заедно со итни скали. Но бидејќи немало реална опасност за патниците, не постоела автоматска потреба за активирање на итна интервенција.

    Вкупно шест летови со околу 600 патници останаа цела ноќ на пистата. Авионите требало да полетаат, но поради лошото време тоа не било возможно. После еден часот по полноќ аеродромот затворил, вработените си отишле дома и немало автобуси што ќе ги вратат патниците назад до аеродромскиот терминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира