ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН, ФРАНЦИЈА СПРЕМНА ДА ПОМОГНЕ ВО ОДБРАНАТА НА ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИ

    ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН, ФРАНЦИЈА СПРЕМНА ДА ПОМОГНЕ ВО ОДБРАНАТА НА ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИНајмалку 555 луѓе загинале во досегашните напади на Иран (Фото: ДПА)

    Германија нема да учествува во американско-израелските напади на Иран, изјави министерот за одбрана Јохан Вадепул, додека Франција кажа дека е спремна да придонесе за одбраната на заливските земји.

    „Германската влада нема намера да учествува. Исто така, ние ги немаме потребните воени ресурси“, изјави Вандепул.

    За разлика од Велика Британија, Германија нема воени бази во регионот, но единици на германската војска се стационирани во Јордан и Ирак.

    „Германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати, но нема да има мерки надвор од тоа“, рече Вандепул, оценувајќи го Иран како закана не само за Израел и регионот, туку и за Европа и Германија.

    Изразувајќи солидарност со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и другите заливски земји, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро кажа дека тие се вовлечени во војна што не ја избрале. Иако смета дека американско-израелската воена акција нема прецизна цел, Баро изјави дека Франција е спремна да учествува во одбраната на земјите од Персискиот Залив, кои се најдоа на удар на ирански одмазднички напади.

    Емануел Макрон вчера изјави дека Франција го зголемува своето воено присуство на Блиски Исток по американските и израелските напади врз Иран.

    Иранската Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 555 луѓе се убиени во досегашните напади на Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира