Жена и нејзиното малолетно дете попладнево се пронајдени мртви по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека двете лица починале на самото место, без детали за возраста на жената и детето.
„Денеска (02.03.2026) околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале. Полициски службеници излезени на местото на настанот“, велат од МВР.
Повеќе детали се очекуваат откако ќе заврши увидната постапка.



