СЕ ВКЛУЧИВМЕ ВО НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН ЗАШТО ЗНАЕВМЕ ДЕКА ИЗРАЕЛ ЌЕ НАПАДНЕ, РЕЧЕ РУБИО

    СЕ ВКЛУЧИВМЕ ВО НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН ЗАШТО ЗНАЕВМЕ ДЕКА ИЗРАЕЛ ЌЕ НАПАДНЕ, РЕЧЕ РУБИОРубио кажа дека САД делуваа превентивно за да се спречат поголеми американски жртви (Фото: Гети)

    Американскиот државен секретар Марко Рубио призна дека САД се вклучиле во воената операција против Иран зашто Израел бил решен да го нападне, што, пак, би довело до одмазднички напади врз американските трупи во регионот.

    „Беше сосема јасно дека доколку Иран биде нападнат од кој било,  САД, Израел или некој друг, тие ќе одговорат, и тоа против САД. Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не ги нападнеме превентивно пред да ги започнат тие напади, ќе претрпиме поголеми жртви“, изјави Рубио.

    Од почетокот на нападите врз Иран загинале шестмина американски војниици, а 18 се повредени. Вашингтон не објави официјално во какви околности загинале војниците, но еден функционер изјави дека имало жртви во нападот врз воена база во Кувајт викендов.

    Потпретседателот Џеј-Ди Венс изјави дека целта на САД е да се осигура дека Иран не може да има нуклеарно оружје.

    „Претседателот сака јасно да им стави до знаење на Иранците и на светот дека нема да се смири додека не ја постигне таа многу важна цел“, рече Венс.

    Од почетокот на конфликтот, САД и Израел извршија бројни воздушни напади врз Иран, кој возврати со напади низ Блиски Исток.

    „Ова е војната на Трамп. Ова е негов избор. Тој нема стратегија, нема крајна цел“, рече лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира