Во Иран се одржа масовна погребна церемонија за 168 ученички и 14 наставници од школото за девојчиња во градот Минаб, кое беше погодено во саботата, на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран. Иранската државна телевизија прикажа илјадници луѓе собрани на плоштад во Минаб, додека министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД и Израел за убивање на девојчињата, од кои најмладите имале седум години.
„Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини млади девојки кои беа убиени во американско-израелското бомбардирање на основно училиште. Нивните тела беа искинати на парчиња. Вака изгледа во реалноста ‘спасувањето‘ што го вети Трамп“, напиша Аракчи на Икс.
Израелската војска викендов кажа дека нема информации за какви било американски или израелски напади во таа област, додека портпаролот на Централната команда на американската војска кажа дека го истражуваат случајот.
„САД не би таргетирале училиште намерно“, кажа американскиот државен секретар Марко Рубио.
Основното училиште „Шаџаба Тајиба“ е сместено само 60 метри од иранска воена база на југот на земјата. По нападот, иранските државни медиуми објавија снимки од уништеното школо, со расфрлани училишни торби и книги наоколу.



