ПРЕМИЕРА НА „ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ НА TEA БЕГОВСКА НА 7 МАРТ ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

    ПРЕМИЕРА НА „ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ НА TEA БЕГОВСКА НА 7 МАРТ ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАРМитиќ, Драгиќевиќ-Пројковска, Василева-Ковачовска, Беговска, директорот на Драмски Роберт Вељановски, Степанулески, Вујисиќ и Климоска на денешната прес-конференција. (Фото: Драмски театар)

    Претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска премиерно ќе се изведе на 7 март во Драмскиот театар во Скопје, во 20 часот. Текстот е на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишан во 1995, а преводот и адаптацијата се на Беговска. Канадскиот режисер Ксавиер Долан за истоимениот филм во 2016 освои Гран при на Канскиот филмски фестивал. Беговска рече дека адаптацијата на текстот е правена според филмот.

    „Ова е претстава токму за одложување на вистината и колку може да стане опасно тоа одложување на вистината. Затоа што, ако не комуницираме дома и ако не го кажеме дома проблемот, тогаш каде би го кажале на друго место? Така што, се потрудивме да направиме нешто што би сакале со публиката да говори на еден полудокументаристички начин. Како публиката да им е дојдена дома на оваа фамилија и да се соживее, да се идентификува со проблемите“, рече Беговска на денешната прес-конференција.

    Играат Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ. Сценографијата и костимите се на Надја Василева-Ковачовска од Бугарија. Музиката e на Енес Беговски. Мултимедијалниот дел и видеоматеријалот ги подготвија операторot на камера Велимир Стојановски, видеооператорot Матеј Трајковски и техничкиot координатор Михаил Узунов.

    Драгиќевиќ-Пројковска рече дека оваа претстава е еден семеен ролеркостер, дека фалат многу делчиња во него кои не можат да се пронајдат, ниту пак да се нацртаат. Во претставата не се работи за едно специфично семејство, туку е семејство како и секое друго.

    „Во секое семејство постојат проблеми, постојат работи кои што се премолчуваат и навистина беше возбудливо премолчените работи на некој начин да си ги споделиме, кој колку е спремен и кој колку сака да прифати во моментот. Работите не ги кажуваме директно, но на некој начин ги комуницираме помеѓу себе и тоа беше навистина возбудлив предизвик, да видиме колку можеме и како можеме во тишината да се споделиме и искомуницираме работи“, кажа Митиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира