Последниот трагичен случај на семејно насилство во кој животот го загубија мајката и нејзината 6-годишна ќерка е резултат на нефункционалниот систем за заштита, велат од Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација.
- СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА НАВЕДУВАЊЕ НА САМОУБИСТВО, ЗА ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ И ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА НА СОПРУГАТА КОЈА СО ДЕТЕТО ПОЧИНАА ПО ПАД ОД ТЕРАСА ВО КАРПОШ
- ЈОВАНОВСКИ ДОБИ ПРИТВОР, ЗА ДА МОЖЕ НЕПРЕЧЕНО ДА СЕ СОБЕРАТ ДОКАЗИТЕ ОД ТЕЛЕФОНИTE И ИЗЈАВИТЕ ОД СОСЕДИТЕ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕТО НА ПОКОЈНИТЕ ИВАНА И ЌЕРКATA
„Мерки за заштита на жртвите од семејно насилство постојат само на хартија, а во пракса не функционираат. Во целиот овој период државата не презеде суштински напори да го промени пасивниот пристап, а усвојувањето на закони, политики и стратегии не беше проследено со обезбедување на потребните финансиски и човечки ресурси за нивно спроведување во пракса. Како резултат, повеќе од 20 години опстојуваат истите системски слабости кои оневозможуваат ефективна заштита на жените кои секојдневно трпат семејно насилство во домот, во местото каде што сите треба да бидеме најбезбедни и најсигурни, занемарена превенција на семејното насилство, неефективни законски механизми за заштита и ограничен пристап до мерки, услуги и права за помош и поддршка за жртвите“, велат од Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација.
Тие апелираат Владата и Собранието претстојното усвојување на Национална стратегија за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство 2026-2033 да го искористат како почетна основа за оваа промена и фактичко подобрување на состојбите.
„Апелираме буџетските средства приоритетно да се насочат кон клучните компоненти што обезбедуваат навремена и ефективна заштита и поддршка на жртвите. Обезбедување на сите потребни ресурси за јакнење на капацитетите на Центрите за социјална работа и полицијата. Постапката за изрекување на привремени мерки за заштита и кривичниот прогон на сторителите. Системско решавање на егзистенцијалните проблеми на жените што претрпеле семејно насилство, преку обезбедување на финансиска поддршка во периодот на транзиција 12 месеци по напуштањето на насилната заедница, бесплатна секундарна правна помош во сите постапки, здравствени услуги, долгорочно домување“, се вели во соопштението.
А. АНТЕВСКА
Можеби ќе ве интересира и ова:



