НЕБОТО НАД ТЕХЕРАН СЕ ЗАЦРНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ НАФТЕНИ ПОСТРОЈКИ, ВРНЕ ТОКСИЧЕН ДОЖД

    НЕБОТО НАД ТЕХЕРАН СЕ ЗАЦРНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ НАФТЕНИ ПОСТРОЈКИ, ВРНЕ ТОКСИЧЕН ДОЖДЕксплозиите во складиштата за нафта испуштиле во воздухот значајни количини на токсични јаглеводородни соединенија, сулфур и азотни оксиди (Фото: Икс)

    Небото над Техеран се зацрни од густ чад откако израелските сили бомбардираа нафтени постројки во градот ноќеска.

    Жителите пријавија дека мирисот на горење се чувствува во воздухот, а многумина кажаа дека било темно дури и кога сонцето изгреало и врнел дожд. Некои жители рекле дека капки дожд натопени со нафта од црни облаци паѓале врз градот неколку часа по нападите.

    Иранските власти ги повикаа граѓаните да останат во затворен простор за да избегнат респираторни проблеми и други здравствени последици.

    Жителите пријавија дека мирисот на горење се чувствува во воздухот (Фото: ВАНА)

    Иранската Црвена полумесечина соопшти дека експлозиите во складиштата за нафта испуштиле во воздухот значајни количини на токсични јаглеводородни соединенија, сулфур и азотни оксиди.

    „Во случај на врнежи, дождот е исклучително опасен и многу кисел“, се додава во соопштението, предупредувајќи дека се можни изгореници на кожата и сериозно оштетување на белите дробови.

    Новинската агенција „Фарс“ објави дека во нападите биле погодени четири складишта за нафта и центар за пренос на нафта во Техеран и Алборз. Четворица возачи на цистерни во центарот биле убиени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира