ИРАН НАВЕСТИ ДЕКА МОЏТАБА ХАМНЕИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧ

    ИРАН НАВЕСТИ ДЕКА МОЏТАБА ХАМНЕИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧМоџтаба Хамнеи од самиот почеток важеше за главен фаворит да го наследи неговиот татко (Фото: АП)

    Иран навести дека го избрал Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов врховен водач.

    Името на Хамнеи ќе продолжи“, изјави ајатолах Хосеинали Ешкевари, член на Собранието на експерти, тело надлежно за избор на врховниот водач.

    Гласањето заврши, наскоро ќе биде објавено“, додаде тој, без да изнесе други детали.

    Секретарот на советот Хосеини Бушехри ќе го објави наследникот на Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран.

    Доналд Трамп во повеќе наврати кажа дека САД би требало да учествуваат во изборот.

    Ако не добие одобрение од нас, нема да трае долго“, рече Трамп.

    Израел продолжи да ги таргетира високите ирански функционери и вчера го уби Аболкасем Бабајан, новоназначениот шеф на воениот кабинет на врховниот водач. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат да ги напаѓаат владетелите на Иран без милост, што се однесува и на новиот врховен водач.

    Моџтаба Хамнеи од самиот почеток важеше за главен фаворит да го наследи неговиот татко, што значи дека власта ќе остане во рацете на тврдокорната струја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира