„Македонски Телеком“ денеска најави дека воведува нов комуникациски концепт за сите корисници. Како што велат од компанијата за првпат на пазарот сите корисници ќе имаат неограничен интернет, а опцијата роаминг интернет ќе ја има во сите пакети.
„Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со гигабитни оптички брзини и со ексклузивни попусти во Magenta Moments. Ова не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и комбинирано со многу поволности и попусти. Верувам дека овој чекор ќе направи промена на пазарот и позитивно ќе влијае на задоволството на корисниците, што е наша примарна цел“, изјави Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.
Новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited како што велат од компанијата е креирана според потребите на корисниците во дигиталното време, коишто бараат искуство без грижи, едноставно и непречено поврзување, стабилност и големи брзини, како и дополнителна вредност.



