ПО 14 ГОДИНИ ПОД КИРИЈА, ФЗОМ ПОЧНА ДА ГИ ОБНОВУВА СВОИТЕ ЗАПУШТЕНИ ПРОСТОРИИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

    ПО 14 ГОДИНИ ПОД КИРИЈА, ФЗОМ ПОЧНА ДА ГИ ОБНОВУВА СВОИТЕ ЗАПУШТЕНИ ПРОСТОРИИ ВО ГЕВГЕЛИЈАЗа кирија за подрачната служба во Гевгелија досега било потрошено колку што сега чини реконструкцијата на објектот (Фото: СДК.МК)

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) цели 14 години плаќа кирија за својата подрачна служба во Гевгелија, иако во центарот на градот има сопствени простории кои со години се напуштени и не се користеле. Ова го кажа директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, кoj изврши увид во реконструкцијата на просториите.

    Како што изјави Клековски, просториите. треба да бидат готови за три месеци, по што во нив ќе се вселат вработените од подрачната служба на Фондот во Гевгелија, кои во моментов работат во простории што ги изнајмнуваат.

    „Објектот на Фондот во Гевгелија е напуштен повеќе од 14 години и беше запуштен. Со реконструкцијата ќе овозможиме подобри услови за работа на нашите вработени и подобри услуги за граѓаните. Целата инвестиција е 155 илјади евра. Во оваа сума влегува и опремувањето на канцелариите“, кажа Клековски.

    Тој откри дека за кирија за подрачната служба во Гевгелија досега било потрошено колку што сега чини реконструкцијата на објектот.

    „Вака запуштени објекти има повеќе низ Македонија. Почнуваме со нивна реконструкција. Планираме да обновуваме две до три подрачни служби годишно и да бидат пристапни и достоинствени и за вработените и за осигурениците“, кажа Клековски.

    Според проекциите, службата на ФЗОМ во Гевгелија нема да биде со шалтерски систем, туку со канцеларии, каде што осигуренциите ќе имаат директни средби со вработените.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира