ТАЈЛАНДСКИ БРОД ВО ПЛАМЕН ОТКАКО БИЛ ПОГОДЕН ОД ПРОЕКТИЛ ВО ОРМУСКИОТ ПРОТОК

    ТАЈЛАНДСКИ БРОД ВО ПЛАМЕН ОТКАКО БИЛ ПОГОДЕН ОД ПРОЕКТИЛ ВО ОРМУСКИОТ ПРОТОКНа бродот имало 23 члена на посадата (Фото: тајлнадска морнарица)

    Тајландската морнарица соопшти дека се вклучила во акција на спасување откако тајландски товарен брод бил погоден додека пловел низ Ормускиот Проток и се запали. Таа кажа дека на бродот имало 23 тајландски државјани.

    Според тајландските власти, морнарицата на Оман спасила 20 члена на посадата и е во процес на спасување на уште тројца. Бродот бил нападнат неколку часа откако испловил од пристаништето во Калифа во Обединетите Арапски Емирати.

    Мали штети претрпел и јапонски товарен брод, кој бил погоден од непознат проектил близу брегот на ОАЕ. Посадата е спасена.

    Уште еден брод, кој пловел под знамето на Маршалови Острови, бил погоден 80 километри од брегот на Дубаи.

    Бродскиот сообраќај низ Ормускиот Проток опадна значително откако почнаа американско-израелските напади врз Иран. Низ овој премин поминува една петина од светските испораки на нафта и гас и Доналд Трамп најави дека нема да дозволи да биде блокиран. Досега се потврдени 16 напади врз комерцијални бродови во оваа област.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира