ПРИВЕДЕН УШТЕ ЕДЕН МАЛОЛЕТНИК КОЈ ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДЕКА ЌЕ ПОСТАВИ ЕКСПЛОЗИВ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

    ПРИВЕДЕН УШТЕ ЕДЕН МАЛОЛЕТНИК КОЈ ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДЕКА ЌЕ ПОСТАВИ ЕКСПЛОЗИВ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВОПри претресот во неговиот дом пронајден е цел арсенал оружје. (Фото: СВР Тетово)

    Откако пред два дена тетовската полиција приведе 18-годишник од тетовското село Палатица, кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства, вчеравечер приведено е уште едно лице – малолетник од село Џепчиште. Тој исто така упатувал закани за поставување експлозивни направи и убиства, како и дека ќе изврши напад во средно училиште во Тетово. При претресот во неговиот дом пронајден е цел арсенал оружје.

    „Вчера (13.03.2026), околу 13:55 часот во с. Џепчиште, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово“, соопштуваат од СВР Тетово.

    По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира