СДСМ ГО ИСКЛУЧИ ОД ЧЛЕНСТВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

    СДСМ ГО ИСКЛУЧИ ОД ЧЛЕНСТВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВАдвокатот Шилегов беше градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ од 2017-2021. (Фото: СДК.МК)

    Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство, соопшти партијата. Одлуката следи по повеќемесечното отворено критикување на партиското раководство од Шилегов, кој на 17 декември 2025, во објава на Фејсбук кажа и дека бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Од СДСМ на критиките реагираа дека Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го повторија и во денешното соопштение на одлуката за исклучување од партијата.

    „Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за ‘платформа за рушење на СДСМ’, соопшти опозициската партија.

    Адвокатот Шилегов беше градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ од 2017-2021. Во јуни 2013 беше именуван за портпарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 стана пратеник како носител на листа во Втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освои на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во Шестата изборна единица. Тој е бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот со 63 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира