Авганистан го обвини Пакистан за воздушен напад врз болница во Кабул, велејќи дека притоа загинале најмалку 400 луѓе, а 250 се ранети. Пакистан го отфрли ова тврдење како лажно и објави дека во прецизен напад биле погодени „воени инсталации и придружна терористичка инфраструктура“.
„Видливите секундарни детонации по нападите јасно укажуваат на присуство на големи складишта за муниција“, рече пакистанскиот министер за информации Атаула Тарар.
Авганистан вели дека била погодена болница за рехабилитација на зависници, во која во тој момент имало околу 2.000 луѓе.
Најголемиот конфликт помеѓу двете земји кои делат граница од 2.600 километри почна минатиот месец и овој напад се случи неколку часа откако Кина кажа дека е подготвена да продолжи со напорите за ублажување на тензиите. Очевидците рекоа дека слушнале три бомби како експлодираат токму кога луѓето во болницата ги завршувале вечерните молитви, а две од нив погодиле соби и простории за пациенти.
„Големи делови од болницата се уништени и се стравува од големи жртви. Бројот на убиени досега достигна 400“, изјави портпаролот на талибанската влада Хамдулах Фитрат.



