ИРАН ОБЕСИ ТРОЈЦА МАЖИ ВО ПРВИТЕ ЕГЗЕКУЦИИ ПОВРЗАНИ СО АНТИВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ЈАНУАРИ

    ИРАН ОБЕСИ ТРОЈЦА МАЖИ ВО ПРВИТЕ ЕГЗЕКУЦИИ ПОВРЗАНИ СО АНТИВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ЈАНУАРИМеѓу погубените е и тинејџерот Салех Мохамади, кој беше ирански репрезентативец во борење (Фото: МНА)

    Иран погуби тројца мажи обвинети за убивање полицајци за време на масовните антивладини протести во јануари, што се први бесења поврзани со овие демонстрации. Меѓу нив е и тинејџерот Салех Мохамади, кој беше ирански репрезентативец во борење.

    Егзекуциите биле извршени во северната провинција Ком откако врховниот суд ги потврдил смртните казни, објави новинската агенција „Тасним“, поврзана со Иранската револуционерна гарда. Тројцата биле обвинети за убиство на двајца полицајци, како и за водење војна против бога. Според групите за човекови права, тие ја признале вината откако биле мачени и биле погубени без фер судење.

    Протестите почнаа кон крајот на декември, но ескалираа во јануари и се проширија во 180 градови во сите 31 провинција, по што иранските власти брутално ги задушија. Според групата за човекови права ХРАНА со седиште во САД, на протестите биле убиени речиси 7.000 луѓе, од кои 6.488 демонстранти.

    Доналд Трамп во јануари се закани со силна акција ако Иран почне да погубува демонстранти. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи потоа кажа дека нема планови за бесење луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира